Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Таравари не исклучува коалиција и со СДСМ

Градоначалникот на Гостивар и генерален секретар на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, покрај со ВМРО-ДПМНЕ, не исклучува ниту можна коалиција со владејачкиот СДСМ, со кој еднаш беа партнери во Владата.

„Нема теорија да ја раскинеме коалицијата со Алтернатива. Гледаме опции и за други коалиции. Можно е да има коалиција со сите партии, со СДСМ, со ВМРО-ДПМНЕ, само со ДУИ не. Сметам дека нашата коалиција со Алтернатива е силна. За локалните избори ќе ги прегледаме сите опции, но дефинитивно со ДУИ нема коалиција“,

рече Таравари во емисијата „Клик плус“ на ТВ21.
Ваквата изјава доаѓа откако во јавноста изминатиот период често се пишува и дискутира за евентуална коалиција на Алијанса за Албанците и ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ секојдневно испраќа порака и дека наскоро ќе обезбеди ново мнозинство во парламентот за уривање на владата на СДСМ и ДУИ.

Алијанса за Албанците веќе има искуство од коалицирање со социјалдемократите. По изборите во 2016 година, во 2017 тие беа владини партнери, но тогаш во коалицијата беше и ДУИ. Токму Арбен Таравари беше министер за здравство, но по неколку месеци Алијанса за Албанците излезе од владата.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Стар рецепт на Груевци, кога не оди објави анкета, туку што вели анкетата за бомбите?

ДЕСК

Паника на паркинг во Карпош: Закана со остар предмет по расправија за паркинг место!

ДЕСК

Инцидент во двор на куќа во Скопје: Жена нападната со тврди предмети од малолетници

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.