33.8 C
Скопје
16. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИС

Добра вест: Ќе се бришат каматите на долговите на граѓаните кон јавните претпријатија, УЈП и општините, со новите економски мерки на Владата

Во новиот пакет економски мерки на Владата, коишто беа презентирани денеска, се предвидува бришење на камати на граѓаните кон јавните институции и претпријатија.

Ќе се бришат каматите на долговите на граѓаните кон јавните претпријатија, УЈП и општините, со новите економски мерки на Владата

Со оваа мерка со законски измени ќе се нареди на јавните комунални претпријатија, јавните претпријатија и УЈП, како и на општините и на сите други институции од јавните дејности да ги простат и избришат долговите на граѓаните по основ на камати во висина од 100 отсто.

„Тоа се однесува за сите физички лица во нашата земја. Главнината која ја должат повеќе од три месеци по основ на испорачани комунални и други јавни услуги, даноци и данок на имот, ќе може да се репрограмира за плаќање во период од 12 месеци“, изјави премиерот Зоран Заев на денешната презенатација на мерките.
Реализацијата на мерката за репрограмирање ќе се направи преку објава на Јавен повик во траење од 5 месеци во рамки на кои граѓаните ќе побараат репрограмирање на долговите.

„Мерката не се однесува на долгови кон ЕВН, БЕГ и други приватни претпријатија кои даваат јавни услуги, како и на правните лица кои се корисници на ваквите услуги или даночни обврзници. Но сакам да ја искористам приликата отворено и јавно да ги замолам и приватните компании да се вклучат во оваа мерка, затоа што се свесни дека голем број на граѓани тешко ги плаќаат заостанатите долгови. Не сакам да ги обесхрабрам граѓаните кои редовни плаќаат, сепак ова е чин на солидарност, главниот долг останува за се плати, ќе бидат избришани каматите. Сите треба да ги плаќаме јавните давачки, а за најсиромашните државата излегува пресрет со бришење на каматите, – додаде Заев.