Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈА

Затворен угостителски објект во Тетово, работел по дозволеното време

Едно лице е приведено откако по извршен увид, полицијата од Тетово констатирала дека неговиот угостителски објект работел по дозволеното работно време.

Според МВР, полициски службеници го лишиле од слобода Н.М.(48) од тетовско Вешала, затоа што при контрола во неговиот угостителски објект на улица „Илинденска“ било констатирано дека работел по дозволеното време и во него биле затекнати седум лица – гости.

Објектот бил затворен од Државниот пазарен инспекторат, а по целосно документирање на случајот, против Н.М. ќе биде изготвен соодветен поднесок,соопштуваат од ресорното министерство.

Од таму додаваат дека при претресот од слобода била лишена и косовската државјанка Л.М.(18), која се наоѓала во објектот, а која илегално влегла во нашата земја и непријавено престојувала на подрачјето. Таа била задржана во Полициската станица Тетово за натамошна постапка.

Можеби ќе ве интересира

АРКИН ЈАХИЈИ ПОБЕДИ ВО БРВЕНИЦА – Разликата е околу 200 гласа, ВМРО-ДПМНЕ го призна поразот

ДЕСК

Филипче: И Црна Гора ѝ ја одзеде дозволата за работа на Alta Pay Group, само кај нас Мицкоски и Славески убедуваат дека сè е во ред

ДЕСК

Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува

ДЕСК