По примопредавањето на вакцините, српскиот претседател Александар Вучиќ и македонскиот премиер Зоран Заев ја посетија винаријата „Камник“.
Вучиќ објави фотографија на која напиша дека му се заблагодарува на Заев и на сопственикот на винаријата „Камник“ за гостопримството.
„ Заедно уживавме со добро вино и со претседателот на Владата на Северна Македонија договоравме заеднички проекти за во иднина“ напиша Вучиќ.
Вучиќ денеска му го предаде на премиерот Зоран Заев првиот контингент вакцини што Србија ни ги донира. Пратката содржи 4.680 вакцини на компанијата „Фајзер“, неопходни за имунизација на граѓаните против коронавирусот.
Министерот Филипче најави дека вакцинацијата започнува во среда со здравствените работници.
View this post on Instagram