16. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Многу студен воздушен бран и снег ја зафатија Македонија – Метеоцентар со информација кога да очекуваме затоплување

Под влијание на влажен и многу студен воздушен бран и денес ќе има врнежи од снег, особено претпладне и во јужните делови.

Снежната покривка дополнително ќе се зголеми. До среда утринските температури во најголем дел од земјава ќе бидат под -10, а на места и под -15 степени.

Дневните температури генерално ќе се задржат под нулата. Во овие денови ќе има опасност од голомразица. Од четврток следува постепено затоплување.

Прогноза за 16.02.2021
Минимална температура: -16°C до -7°C
Максимална температура: -6°C до 0°C
Претежно сончево и студено. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој вдолж Повардарието краткотрајно ќе засилува.

Прогноза за 17.02.2021
Минимална температура: -18°C до -9°C
Максимална температура: -6°C до 2°C
Утрото многу студено. Преку денот сончево со умерена облачност, а кон крај на денот на места значително облачно. Ќе дува слаб променлив ветер.

Прогноза за 18.02.2021
Минимална температура: -12°C до -5°C
Максимална температура: -2°C до 7°C
Наутро значително облачно со слаб локален снег. Преку денот умерено облачно и потопло во однос на претходните денови. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Можеби ќе ве интересира

Полицијата ја спаси жената што се фрли во водите на реката Вардар (ВИДЕО)

ДЕСК

Полицијата трага по исчезнато 19 годишно девојче

ДЕСК

Во скопски хотел пронајден починат 44 годишник – полицијата истражува

ДЕСК