Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМАТОП ВЕСТИ

Поларен бран: Снежна покривка низ цела Македонија: Кога нѐ очекува затлопување?

Времето денеска Облачно, студено и ветровито со врнежи од снег, пообилни попладне и во текот на ноќта, особено во југозападните и западните делови.

До крајот на денот насекаде ќе се формира снежна покривка, во источните делови до 10 см, а на запад во пониските подрачја меѓу 20 и 30 см.

На планините на северозапад постоечката снежна покривка ќе се зголеми за нови 20 до 30 см снег.
Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура насекаде ќе се задржи негативна, во интервал од -7 до -1 степен.

Времето во Скопје ќе биде облачно, студено и ветровито, од пладне со врнежи од снег, кои ќе продолжат и преку ноќта кога ќе се интензивираат. До крајот на денот ќе се формира снежна покривка. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер, а максималната температура ќе достигне до -2 степени.

Од УХМР најавуваат дека следува период на многу студено време со значително потпросечни температури и со умерен до засилен северен ветер.

Утре, посочуваат, ќе се задржи облачно со врнежи од снег, кои ќе бидат пообилни претпладне особено во јужните делови. Снежната покривка насекаде ќе се зголеми. Од понеделник времето ќе биде стабилно. Утринските температурите до среда во најголем дел од земјава ќе бидат под -10, а на места и под -15 степени. Дневните температури ќе се задржат под нулата.

Од четврток следува постепено затоплување.

Можеби ќе ве интересира

Поднесени обвиненија за поткуп и злоупотреби при даночните контроли на “Пулс” и поврзаните фирми

ДЕСК

ДЕНЕСКА Е СВЕТА ПЕТКА – ГОЛЕМ ПРАВОСЛАВЕН ПРАЗНИК: Еве што се верува во народот и кои обичаи се поврзуваат со овој ден

ДЕСК

ВИ БАРААТ УВЕРЕНИЕ ДЕКА НЕ СТЕ ОСУДУВАНИ – Каде се издава, како се добива онлајн и дали секој работодавач смее да го бара?

ДЕСК