Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Мицкоски: По падот на Заев ќе има ревизија за пресудата за 27 април

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски најави ревизија на пресудата за случајот „27 април“ по падот на актуелната Влада на премиерот Зоран Заев, како и на сите, како што вели, политички и диктирани пресуди во изминатиот период.

„Имаме заробено обвинителство каде што се диктираат обвиненија. Не само за 27-ми април, туку зборуваме и за поширок опфат на обвиненија коишто служат за политички прогон. Имаме судство коешто функционира под диктат на Зоран Заев и СДСМ. Следната Влада на ВМРО-ДПМНЕ сите овие издиктирани обвиненија, сите овие нарачани судски пресуди ќе ги ревидира и врз основа на таа ревизија која што ќе ја прават колеги обвинители, судии, но кои што биле чесни изминатиов период и не потклекнале на диктатите и нарачките на Зоран Заев и оваа власт“, рече Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ додаде дека сите оние судии кои што прифатиле диктати и судски нарачани пресуди ќе бидат санкционирани во согласност со Законите и Уставот. Неминовна ќе биде ревизија на сите овие нарачани судски пресуди, вклучително и за случајот 27-ми април, вели Мицкоски,

„Ќе ја потсетам македонската јавност дека ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија со блокиран имот поради случај кој што се води, а кој што е отпочнат надвор од законски дефинираниот рок согласно СЈО, кое што сите знаеме како заврши“, истакна Мицкоски.

Случајот со замрзнувањето на имотот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски го оцени како неправеден, незаконски и неуставен.

Можеби ќе ве интересира

Поднесени обвиненија за поткуп и злоупотреби при даночните контроли на “Пулс” и поврзаните фирми

ДЕСК

ДЕНЕСКА Е СВЕТА ПЕТКА – ГОЛЕМ ПРАВОСЛАВЕН ПРАЗНИК: Еве што се верува во народот и кои обичаи се поврзуваат со овој ден

ДЕСК

ВИ БАРААТ УВЕРЕНИЕ ДЕКА НЕ СТЕ ОСУДУВАНИ – Каде се издава, како се добива онлајн и дали секој работодавач смее да го бара?

ДЕСК