Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Имаме поголем пад на БДП од 2001-ва

Падот на бруто домашниот производ во моментов во Македонја е поголем од 2001-вата година, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој денеска беше во посета на Компанијата „Еко циркон“ во општината Гази Баба, од каде упати пофалби за стопанствениците кои обезбедуваат работни места во време на криза, а укажа и на недостатокот на нови инвестиции во земјата.

„Она кое што би сакал да го истакнам и е многу значајно, е падот на бруто инвестициите кои што во Македонија во третиот квартал се некаде околу 8.8 проценти помали споредено со истиот квартал минатата година т.е. третиот квартал 2020-тата година споредено со трети квартал 2019-тата година. Ова претставува рекорден пад бидејќи во минатото рекордот го држел во периодот на кризата односно 2001 година кога отприлика околу 6 проценти е падот на бруто инвестициите“, рече Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ потсети дека Македонија е прва во регионот на скалата според „Транспаренси Интернешнл“ по нивото на корупција и криминал. Понатаму според анализата на „Економист“, рече Мицкоски, прогласени сме за хибриден режим.

Можеби ќе ве интересира

Во Брисел одржан првиот парламентарен состанок со Северноатлантскиот совет на НАТО

ДЕСК

Претрес во Кавадарци, пронајдени ловечка пушка, недозволени средства за лов и месо од дивеч, лишено од слобода едно лице

ДЕСК

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со алумни на Универзитетот Харвард

ДЕСК