Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

(Видео) Андоновски: ВМРО-ДПМНЕ во ноември ќе одржи редовен партиски конгрес

Вечерва на редовна седница на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ била донесена одлука за оддржување на редовен конгрес на партијата во ноември.

„ЦК на ВМРО-ДПМНЕ по предлогот на ИК кој заседаваше уште пред два дена, донесе одлука за оддржување на редовен конгрес на партијата во месец ноември. Воедно ВМРО-ДПМНЕ и нејзините функционери ќе бидат на терен по градовите и селата заедно со народот“, посочи на прес-конференција, членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски.

Тој нагласи дека партијата смета оти одбивањето на иницијативата за собирање на граѓански потписи за носење на закон за поништување на Законот за попис, преставува чекор во кој, како што рече, се гледа стравот на власта од соочување со народот и неговата волја.

„ВМРО-ДПМНЕ покрај пратеничките потписи, донесе одлука во сопствена организација да почне со собирање на граѓански потписи насекаде низ државата, кои ќе дадат легитимитет на нашата одлука пратениците да поднесат закон за укинување на законот за попис. Нема да ја ускратиме можноста граѓаните да се вклучат во нашата иницијатива да се стопира фалсификатот на пописот“, нагласи Андоновски.

Претходно денеска иницијативата за промени во ВМРО-ДПМНЕ закажа вонреден партиски конгрес на 28 март во Скопје.

Членовите на ова тело најавија дека дека главни точки за дискусија ќе бидат отчет за сработеното од страна на актуелниот претседател Христијан Мицкоски и гласање на доверба.

Во однос на ваквите најави, Андоновски вечерва рече дека Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за ваква иницијатива заседавал уште пред неколку месеци и едногласно донел одлука за отфрлање на истата, согласно статутарните овластувања.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: И Црна Гора ѝ ја одзеде дозволата за работа на Alta Pay Group, само кај нас Мицкоски и Славески убедуваат дека сè е во ред

ДЕСК

Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува

ДЕСК

НЕОФИЦИЈАЛНО: АРКИН ЈАХИЈИ ПОБЕДИ ВО БРВЕНИЦА – Тесна разлика во вториот круг од изборите

ДЕСК