23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Голем студ ќе ја сардиса Македонија – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

Утре ќе настапи преодно стабилизирање на времето со умерен до засилен јужен ветер. Во четврток повторно ќе биде облачно со врнежи од дожд, пообилни во западните и северните делови, а на планините на запад ќе врне снег

. Поради продор на многу студена воздушна маса од север, во четврток попладне ќе почне да дува силен северен ветер, кој ќе се задржи и во наредните денови и ќе услови значително заладување. Во деновите од викендот ќе има локални врнежи од снег. Утринските температури ќе бидат многу ниски, а и дневните ќе се задржат под нулата.

Прогноза за 11.02.2021
Минимална температура: 2°C до 8°C
Максимална температура: 9°C до 16°C
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во западните и северните делови. На планините на запад врнежите ќе бидат од снег. Претпладне ќе дува умерен до засилен југозападен ветер, кој попладне ќе го промени правецот во северен и дополнително ќе засили.

Прогноза за 12.02.2021
Минимална температура: -9°C до -1°C
Максимална температура: -2°C до 6°C
Сончево со мала до умерена облачност, ветровито и студено. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец.

Прогноза за 13.02.2021
Минимална температура: -12°C до -5°C
Максимална температура: -6°C до 1°C
Претежно облачно, студено и ветровито со умерен до засилен ветер од северен правец. Во западните и јужните делови ќе има врнежи од снег.