26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: 36.000 членови досега го ажурирале своето членство

„СДСМ секојдневно расте, се менува, развива и модернизира, се дигитализира за уште подобро да им служи на граѓаните и на државата.Процесот на ажурирање на членството на СДСМ се одвива со одлично темпо, членовите се силно мотивирани.За три недели околу 36.000 членови направиле ажурирање на своите податоци го потврдиле членството во СДСМ, а процесот продолжува до 25 февруари“, соопшти партијата.

Според нив, голема е заинтересираноста на нови членови, на многу млади кои секојдневно се приклучуваат кон СДСМ, кон најсилната, најмодерната и најдинамичната партија.

„Граѓаните препознаваат дека само со СДСМ може да продолжи напредокот, интеграцијата, да се обезбеди правда и развојот на нашата држава.За СДСМ најважни се вредностите, визиите, политиките, кои значат напредок, еднаквост, социјална држава, ефикасно здравство, институции, повеќе пари кај граѓаните, повеќе инвестиции, капитални проекти, поголеми плати и пензии, повеќе мерки и пари за фирмите, поголеми шанси за младите и систем, ред, правда и поредок.Нашата партија е креатор и гарант на концептот Едно општество за сите граѓани, затоа во СДСМ пристапуваат и Македонци и Албанци, но и Турци, Срби, Роми и Бошњаци.СДСМ е единствената партија која има организирано политичко делување во сите општини низ државата. Во секоја општина направивме општинска организација.СДСМ продолжува да работи уште поодговорно, посветено за интересите на граѓаните и државата“, се вели во соопштението.