Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

МВР: Апсолутна поддршка за барањата на граѓаните во однос на „Јавна соба“

Министерството за внатрешни работи изрази апсолутна поддршка за барањата на граѓаните во однос на „Јавна соба“.

Оттука велат дека важно е да се подигне јавната свест и ефикасно да делуваат институциите на системот.

„Како МВР ефикасно преземавме многу чекори коишто придонесуваат во истрагата за ‘Јавна соба’, со цел санкционирање за одговорните. Веќе се приведени четири лица, извршени се претреси, одземени се телефоните кои се вештачат и коишто ќе бидат предадени на Јавно обвинителство. Воедно, идентификуваме и детектираме дополнителни лица коишто биле дел од ‘Јавна соба’. Сакам да уверам дека неселективно постапуваме кон сите што се детектираат и идентификуваат и ќе биде спроведена постапка со цел да се обезбедат докази и да се достават до Јавното обвинителство“, рече министерот Оливер Спасовски.

Од МВР потсетуваат дека веќе информирале за слична група, во која има и членови кои не се од нашата земја, а на којашто се приклучуваат и членови од земјава. Велат дека состојбата се следи будно и се покренуваат соодветни постапки.

Група на граѓани денеска излезе на протест за „Јавна соба“, барајќи казни за лицата кои објавувале експлицитни фотографии од девојки.

Можеби ќе ве интересира

(фото) Санкциониран штипјанец кој управувал возило со брзина констатирана од полициски пресретнувач од 105 км на час во населено место

ДЕСК

Малолетник со пиштол се заканувал кон врсник поради девојка – полицијата го одзеде пиштолот во кој имало еден куршум

ДЕСК

Лишени од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, шест од нив возеле без дозвола, меѓу кои и еден малолетник

ДЕСК