Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈАТЕМА

(Видео) Димитров: Македонскиот јазик беше избришан во 2006, го вративме во преговарачката рамка на ЕУ

Во дебатата по повод интерпелацијата за неговата работа во Собранието, заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров потсети каде е македонската кауза денеска за разлика од претходниот период.

„Бевме Поранешна Југословенска Република Македонија во светското семејство и во сите меѓународни владини организации. Државјанството ни беше на ФИРОМ. Денеска сме Северна Македонија, не сме Тунгузија, нашата држава, нашата територија, за којашто немаме спорови, е во северниот дел од регионот. Македонскиот јазик е во нашата лична карта и ја заокружиме државноста и членството во ОН. Влеговме во НАТО и за нас повеќе не се зборува по ходниците во НАТО. Тоа е сосема различно со македонската кауза и македонскиот јазик што го изгубивте во 2006 година. Македонскиот јазик е вратен во нацрт-преговарачката рамка и ние како Македонци кои зборуваат македонски јазик ќе успееме и со европската интеграција бидејќи знаеме како и го покажавме тоа“, истакна заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров на седницата по повод интерпелацијата за неговата работа што ја поднесоа група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа е затворена тема, рече Димитров, и додаде дека ние апсолутно не смееме да го губиме времето во чекање туку да работиме на остварувањето на европските стандарди и принципи дома.

„Нашата битка за македонскиот идентитет, јас сум убеден дека го говорам ова во име на сите земји членки и на институциите во Брисел, е истовремено и битка за европскиот идентитет. Ако ЕУ ја гледаме заедница на вредности, една од тие суштински вредности наведена во Лисабонскиот договор е почит, заштита и нега на културните и јазичните различности на сите народи на европскиот континент. Во таа смисла ако ЕУ е заедница на вредности не може да биде оспорено правото на самоопределување на македонскиот народ кој говори македонски јазик. Тоа се нашите позиции таму“, нагласи Никола Димитров од собраниската говорница.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗНЕМИРЕНОСТ И СТРАВ КАЈ НАСЕЛЕНИЕТО, МАСОВНА ТЕПАЧКА ПРЕД „ЈАНЕ САНДАНСКИ“ – Едно лице повредено, едно приведено, МВР откри детали

ДЕСК

ДОАЃААТ ОБИЛНИ ДОЖДОВИ И ЗАЛАДУВАЊЕ – Циклон ќе ја зафати Македонија, се очекуваат над 60 литри дожд на квадратен метар

ДЕСК

ДИК СО НОВИ ПОДАТОЦИ ЗА ИЗБОРИТЕ – Денешното гласање во Брвеница помина без проблеми

ДЕСК