Centar.mk
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Облачно време со врнежи од дожд кои во текот на ноќта ќе се прошират низ целата земја

Времето денеска, претпладне, ќе биде претежно облачно, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Од таму додаваат дека во пладневните часови, почнувајќи од запад, ќе има врнежи од дожд, кои во вечерните часови и во текот на ноќта ќе се прошират насекаде.

На повисоките планини на северозапад врнежите ќе преминуваат во снег. Врнежите пообилни ќе бидат во западните делови, каде локално се очекува да наврне над 25 литри на квадратен метар воден талог.

Ќе дува слаб до умерен, а во источните делови повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13 Целзиусови степени.

Во Скопје, претпладне облачно, попладне и во текот на ноќта со врнежи од дожд со умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 11 степени.

Можеби ќе ве интересира

Николова: Предложените заменици министри се партиски кадри наместо експерти, уште едно лицемерие на Владата

ДЕСК

Мицкоски: Шабани и Сулејмани со својата работа и посветеност ќе придонесат за зајакнување на институционалниот капацитет

ДЕСК

Државата ќе одвои 1 милион евра за евакуација на затечените граѓани во Дубаи, Доха и Израел

ДЕСК