18.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARТЕМАТОП ВЕСТИ

Зимата попушта, времето се менува: Метеоцентар со детала прогноза за следните 4 дена

Од утре следува период на променливо облачно и малку потопло време со нови врнежи кои ќе бидат од дожд, а на повисоките планини од снег. Повремен слаб снег ќе има преку ноќта кон петок во западните делови, а врнежите ќе бидат поинтензивни во ноќта кон сабота во западните делови и во недела преку денот.

Претежно во источните делови од земјата денес ќе засилува северен ветер, а во сабота северниот ветер ќе биде силен.

Прогноза за 30.01.2021
Минимална температура: -3 до 2°C
Максимална температура: 5°C до 14°C
Променливо облачно, претпладне и кон крајот на денот со локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Прогноза за 31.01.2021
Минимална температура: -3°C до 4°C
Максимална температура: 6°C до 12°C
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд кои во утринските часови понекаде ќе замрзнуваат на тлото, на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен југоисточен ветер.

Прогноза за 01.02.2021
Минимална температура: -3°C до 4°C
Максимална температура: 6°C до 12°C
Зголемена облачност ќе има во западните делови каде ќе има и услови за краткотраен дожд, на планините од снег. Во останатите делови ќе има мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер.
Последна сателитска слика

Спонзорирано: