Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Eдинствена меѓупартиска соработка на Мицкоски е онаа со неговиот шеф, Груевски

Во партиската програма на ВМРО-ДПМНЕ се зборува за НАТО, а на дело Мицкоски го кочеше зачленувањето и не се израдува на членството, велат од СДСМ.

„Сега ровари во Армијата и безбедноста во очајнички обид да го девалвира членството во НАТО. Неговата ВМРО-ДПМНЕ, столбот на државноста, Армијата, ја остави со стари чизми, стари униформи, без дневници, во руинирани касарни, со стара и дотраена опрема“, стои во партиското соопштение.

Од СДСМ велат дека единствена меѓупартиска соработка на Мицкоски е онаа со неговиот шеф, Никола Груевски.

„Мицкоски треба малку да излезе од белиот дворец, да види дека граѓаните имаат други потреби и да прекине да работи против својот народот и својата држава“, порачуваат од владејачката партија.

Можеби ќе ве интересира

Николова: Предложените заменици министри се партиски кадри наместо експерти, уште едно лицемерие на Владата

ДЕСК

Мицкоски: Шабани и Сулејмани со својата работа и посветеност ќе придонесат за зајакнување на институционалниот капацитет

ДЕСК

Државата ќе одвои 1 милион евра за евакуација на затечените граѓани во Дубаи, Доха и Израел

ДЕСК