Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Корупцијата цвета, на власт имаме луѓе на кои и мафијата може да им позавиди

По најновиот извештај на „Транспаренси интернешнл“, според кој по степенот на корупција сме на историски најлошото 111. место, не е доволна оставка на министерот за правда, или министерот статист за борба против корупција, потребно е целата Влада да си замине, веднаш, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Пад од 5 места споредено со минатата година и никогаш полошо во периодот на независна Македонија. Тие не се само мафија, на овие луѓе и мафијата може да им позавиди. Подобри од нас се: Косово, Албанија, Танзанија, Буркина Фасо, Колумбија, Брегот на Слонова Коска, Гамбија, а заедно сме со Панама и Монголија. Пад од цели 45 места за 5 години“, посочи Мицкоски во врска со резултатите од извештајот.

Можеби ќе ве интересира

КЛЕКОВСКИ ПО НАПАДИТЕ ВРЗ МЕДИЦИНСКИ ЛИЦА – „НЕ МОЖЕ СЕКОЈА БРЗА ПОМОШ ДА ИМА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ“

ДЕСК

МАКЕДОНИЈА ВО СРЕДА СЕ БУДИ ВО МИНУС – Потоа следуваат обилни дождови, силен ветер и снег за викендот

ДЕСК

Попов: После 14 години СДС во Центар, општината не е способна да реализира сериозен проект, освен да нацрта мурал

ДЕСК