Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Најмногу снег на Попова Шапка

Утрово на Попова Шапка има највисока снежна покривка од 40 сантиметри.

Според последните информации од УХМР, снег има и во Лазарополе (23 сантиметри) и Маврово (13).

Температурите секаде се над нулата, освен во Лазарополе каде што е измерен -1 степен.

Инаку, времето денеска е облачно со повремени врнежи кои на планините и на повисоките места ќе бидат од снег, а попладне ќе преминат во снег и на повеќето пониски места, но главно ќе слабеат по интензитет.

Попладне и кон крајот на денот ќе дува силен северен ветер, што ќе услови нагло опаѓање на температурата. На повисоките места ќе се формира снежна покривка, а на планините дополнително ќе се зголеми, но поради засилениот ветер ќе има услови за појава на снежни наноси. Во западните делови ќе се формира мала снежна покривка и на пониските места.

Температурата во текот на денот ќе се намалува, па мaксималните вредности на повеќето места ќе бидат оние измерени утрово, во интервал од 4 до 10 степени.

Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд, кои попладне ќе преминат во снег, но ќе ослабат. Ќе дува силен северен ветер. Максималната температура ќе биде околу 5 степени, а преку денот ќе се намалува.

Можеби ќе ве интересира

Измамите не запираат, СВР Битола со АПЕЛ до граѓаните да не наседнуваат на телефонски измами за лажни сообраќајни несреќи

ДЕСК

Мицкоски од Брисел: Ги повторивме нашите позиции за Македонија

ДЕСК

Полицијата трага: Исчезна 17 годишно дете

ДЕСК