25.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Калеска Ванчева: Резидентите и нерезидентите ќе се попишуваат како две посебни групи

„Не е спорно што преставува резидентно население, но ние сме емигрантска држава, оттаму дали оваа држава има потреба да знае колку нејзини државјани се отселени, а при тоа таа бројка нема да влезе во делот на резидентното население. Но, ние ќе знаеме колкави и каков имот имаат тие државјани на оваа територија, како и колкумина заминале, од кои региони. И ова прашање не може да се гледа од аспект на Рамковниот договор, па која заедница колкав процент има, па кој колку бил… Кому му одговара да отвораме прашања кои сме ги затвориле пред многу години. Се манипулира со јавноста и со тоа дека ќе имало два потписа за верификација на резултатите, а какви се тие резултати од попис, тоа се податоци неопходни за креирање политики.“ – изјави пратеничката од СДСМ, Снежана Калеска Ванчева, во емисијата 24 Анализа, на телевизија 24.

Дополни дека пописот ќе биде успешен затоа што ќе го спроведат професионалци од Заводот за статистика, според европски стандарди.

„Оценката на Евростат за пилот проектот е многу позитивна. Имавме теренско тестирање периодов како ќе се спроведе пописот и критиките од релевантните фактори се во полза на државата, дека имаме капацитет и знаење да ја организираме оваа статистичка операција.