Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

„Јавна соба“ повторно активна: Масовно се објавуваат експлицитни фотографии од македонски девојки

Групата „Јавна соба“ на Телеграм повторно е активна. Експлицитни фотографии, профили од социјални мрежи, лични податоци, адреси и броеви од девојки се споделуваат со околу 5.600 членови на групата, објави Сител.

Телевизијата објави дека 22-годишна девојка раскажала оти нејзин пријател ја предупредил дека во групата биле објавени една нејзина фотографија од Фејсбук и уште две експлицитни од девојка која наликувала на неа. Пријавила во полиција, но оттаму само и рекле дека вакви групи имало многу.

Од полицијата велат дека работат на случајот.

-Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика презема соодветни мерки и активности во врска со случајот, кратко одговорија од МВР.

Пред точно една година беше откриена првата ваква група со над 7.000 членови на руската апликација за комуницирање. Откриен беше креаторот, но случајот е заглавен во правосудните лавиринти.

Можеби ќе ве интересира

ВИСОК ПРИТИСОК ГО „ЗАКЛУЧУВА“ ВРЕМЕТО: Стабилност со скриена замка – Детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

СДСМ со упатство: Безидејно ВМРО – ДПМНЕ, Македонија 2030

ДЕСК

Пожар во стан во Скопје, за среќа нема повредени

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.