23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Од утре слаб снег низ Македонија – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

Денес во вечерните и ноќните часови од запад ќе се прошират врнежи, кои на планините и на некои повисоки места ќе бидат од снег. Во западните делови врнежите ќе бидат обилни (над 25 л/м2), па таму снежната покривка на планините значително ќе се зголеми, а поради силниот ветер ќе има појава на снежни наноси. Под влијание на продор на студена воздушна маса утре попладне врнежите ќе преминат во снег и на повеќето пониски места, но ќе слабеат по интензитет. Во западните делови мала снежна покривка ќе се формира и на пониските места. Утре особено попладне и кон крајот на денот, како и во среда ќе дува силен северен ветер, што ќе услови нагло опаѓање на температурата.

Прогноза за 27.01.2021
Минимална температура: -6°C до 2°C
Максимална температура: -2°C до 6°C
Променливо облачно и студено со умерен до засилен, а вдолж Повардарието силен ветер од северен правец. На места ќе провејува слаб снег.

Прогноза за 28.01.2021
Минимална температура: -10 до -2°C
Максимална температура: 0°C до 8°C
Сончево со умерена облачност и судено со слаб до умерен ветер од западен правец.

Прогноза за 29.01.2021
Минимална температура: -9°C до -2°C
Максимална температура: 4°C до 10°C
Променливо облачно со умерен јужен ветер. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има врнежи од дожд, а на планините од снег.