Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

137 санкционирани возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (24.1.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на Град Скопје изречени се вкупно 137 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 17 санкции, 18 мерки за користење мобилен телефон, четири за технички неисправни и нерегистрирани возила. Изречени се пет мерки за возење под дејство на алкохол, 16 санкции за непочитување на брзината на движење и 15 мерки за непрописно паркирани возила.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Можеби ќе ве интересира

АРКИН ЈАХИЈИ ПОБЕДИ ВО БРВЕНИЦА – Разликата е околу 200 гласа, ВМРО-ДПМНЕ го призна поразот

ДЕСК

Филипче: И Црна Гора ѝ ја одзеде дозволата за работа на Alta Pay Group, само кај нас Мицкоски и Славески убедуваат дека сè е во ред

ДЕСК

Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува

ДЕСК