Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ПОСЕБЕН СООБРАЌАЕН РЕЖИМ ВО ОХРИД И СТРУГА – Денеска пристигнува албанскиот премиер Еди Рама

Во Охрид и Струга денеска се применува посебен сообраќаен режим поради официјалната посета на албанскиот премиер Еди Рама. Според известувањето на СВР Охрид, засилените безбедносни мерки се предвидени во периодот од 6 до 17 часот, а на одредени делници може да има привремени ограничувања во движењето.

Режимот го опфаќа патниот правец од граничниот премин Ќафасан, преку Струга и селото Подмоље до државната вила „Охрид“. Посебни мерки се предвидени и на делницата од аеродромот „Св. Апостол Павле“ до вилата, каде што ќе се одвиваат активности поврзани со официјалната посета.

Полицијата ги повикува возачите навремено да ги приспособат маршрутите, да ја почитуваат поставената сигнализација и да постапуваат според насоките на полициските службеници. Времетраењето на поединечните привремени запирања може да зависи од движењето на официјалните делегации.

Можеби ќе ве интересира

Левица: ДПМНЕ ги одби амандманите на Левица за поддршка на домашното стопанство, развој на инфраструктурата и заштита на животната средина

ДЕСК

Мојсова-Чепишевска и Антоновски единствени автори од Македонија во новиот меѓународен зборник за Андриќ

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Филипче и СДС се обидуваат да креираат скандал таму каде што нема, постапката за Алта банка е јавна и транспарентна

ДЕСК