12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Заев: Сонот за ЕУ не се компензира со ништо, членството ни е стратешка цел

„Ние не смееме да испратиме порака до државите членки на ЕУ дека за нас постои алтернативно решение, ако тргнеме по тој пат може да се сфати дека би биле задоволни со нешто друго. Ние со Европа имаме еден отсто царина, ние сме на европскиот пазар. Ние ги намалуваме царините, и затоа прашувам што е тоа што би го добиле од Европската Економска заедница? Но, ништо нема да изгубиме ако не сме таму. Нашиот народ очекува европеизација дома да ни се случи. Дигање на економскиот стандард. Ние можеме и сами да се европеизириме, но така ќе бидеме побрзи. Има една позитивна карика која ја прави ЕУ привлечна и затоа нашите граѓани и денес се за членство во ЕУ. Да имаме европско судство, здравство, економија… ние сакаме европски квалитет на живот, каков што е во Германија, Франција… Не е членството во ЕУ заради членство, туку заради слободата, демократијата, правото, квалитети и критериуми кои значат пазарна економија, образование како во совремнеиот свет. Тоа е нашиот сон, тоа не се компензира со ништо, оти ние и вака сме присутни на европскиот пазар. Членството ни е стратешка цел со причина.“- изјави премиерот, Зоран Заев, во емисијата Трилинг, на ТВ 24, одговарајќи зошто Северна Македонија не избрала друга можност додека чека преовори со ЕУ, истакнувајќи дека за нашата земја нема друга алтернатива.