12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Заев: Непосреден избор на партиски претседател е врв на демократијата

„Некогаш се согласувам со ставовите на Бранко Црвенковски, некогаш не, како што беше последното негово појавување. Тој како поранешен претседател и премиер требаше прво да се обрати на граѓаните, а потоа на СДСМ. Но, СДСМ е демократска партија, многу често имало во јавноста несогласувања помеѓу наши функционери, затоа имаме демократија и затоа сме неповторливи. Ние победивме на избори после сериозни и храбри одлуки, договорите со Бугарија и Грција, промена на името на државата, промена на Уставот… Нашиот народ потври дека останува на европската агенда….“- изјави премиерот Зоран Заев, во емисијата Трилинг на ТВ 24.

Тој ја коментираше можноста Црвенковски да се врати во политиката, за која не е многу исплашен. За да стане Црвенковски лидер на СДСМ мора да помине на непосрдние партиски избори во март.

„Ние прв пат одиме на напосредни избори во СДСМ, тоа е незамисливо за другите партии. СДСМ на 21 март ќе има непосредно гласање внатре во партијата и секој може да биде кандидат ако ги исполнува условите и голем процент можат да се кандидати. Ова е врв на демократијата.“- порача Заев.