Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕОТЕМАТОП ВЕСТИ

Температури во минус и мраз – утре снег, а за викендот драстична промена

Утре на планините во западните делови ќе има услови за повремен снег. Потоа во наредните денови ќе преовладува променливо облачно и потопло време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег со променлив интензитет. Во деновите од викендот ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Поради јужното воздушно струење ќе има пораст на утринските и дневните температури, што ќе предизвика побрзо топење на снегот.

Прогноза за 22.01.2021
Минимална температура: -3°C до 4°C
Максимална температура: 5°C до 12°C
Променливо облачно, во западните делови со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец.

Прогноза за 23.01.2021
Минимална температура: 2°C до 7°C
Максимална температура: 7°C до 13°C
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд поинтензивни во западните делови. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец.

Прогноза за 24.01.2021
Минимална температура: 1°C до 7°C
Максимална температура: 7°C до 12°C
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на планините попладне од снег. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец.

Можеби ќе ве интересира

За осум часа денеска санкционирани 116 мотоциклисти во Скопје, одземени три мотоцикли

ДЕСК

Четврток носи најголема опасност: Невреме со пороен дожд, силен ветер и можен град

ДЕСК

Од Стајковци до болница: Напад со тврд предмет прераснал во пресметка меѓу две групи

ДЕСК