Обраќање на генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски:
Од денеска, во СДСМ започнува постапката за ажурирање на членството и активна регистрација на секој член. Согласно точно одредена процедура и рокови за реализација на постапката која ќе трае до 25 февруари.
Сакам да се обратам до нашите членови, но, и до граѓаните на овој начин.
Затоа што СДСМ постојано се менува, се унапредува, демократизира, модернизира. Се подобрувме за подобро да ви служиме на Вам, граѓаните.
Ажурирањето на членството и активната регистрација се составен дел на новиот исчекор кон поголема внатрепартиска демократија.
Како што веќе најавивме, оваа година претседател на СДСМ ќе бираат членовите, на непосредни внатрепартиски избори. Тоа за прв пат се случува во нашата татковина и тоа го прави СДСМ, на што сме особено горди.
Се надевам овој чекор на СДСМ ќе инспирира и други партии во земјава да не следат, да се реформираат и реорганизираат. Тоа е здраво за државата. Колку поголема демократија толку подобро. Повеќе праведност, правичност, посилен напредок.
Постапката во СДСМ започнува денеска од најмалите организациони единици на партијата, месните одбори. Тимови од месните одбори ќе го посетат секој наш член, ќе разговараат ширум татковината, секако почитувајќи ги мерките за заштита од коронавирусот.
Понатаму постапката продолжува во комисиите на општинските организации па се до највисоките партиски органи и до Централниот одбор. Целосно транспарентно и одговорно.
Активната регистрација, ќе може да се реализира и преку самостојно онлајн пријавување, во електронска форма.
Информациите и клучните чекори за овој процес се достапни на интернет страницата на СДСМ и на официјалните канали на социјалните мрежи.
Ги повикувам членовите да се информираат и оваа постапка да ја направиме заедно, темелно, одговорно, како што знае СДСМ.
Ваквиот, современ, транспарентен процес ќе го заокружиме со издавање на нови, модерни електронски членски картички, перонализирани за секој член на партијата. Досегашните хартиени ќе ги замениме со нови, дигитални.
Почитувани,
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија победува, но постојано се менува! Со нова енергија, подготвени сме за сите предизвици пред нас, на нашиот народ и на нашата македонска татковина да и понудиме нови успеси!
Линк до веб страната на СДСМ за ажурирање: https://sdsm.org.mk/azhuriranje