Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Снег, студ и ветер – Метеоцентар со детална прогноза за следните неколку дена

Денес времето ќе биде сончево со умерена облачност и студено. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, особено вдолж Повардарието. Кон крајот на денот ќе настапи зголемување на облачноста, а во текот на ноќта во југозападните делови ќе провејува слаб снег.

Поради продор на студена воздушна маса од север во деновите од викендот и во почетокот на следната седмица времето ќе биде многу студено со дневни температури кои во поголем дел од земјава ќе бидат под нулата.

Прогноза за 17.01.2021
Минимална температура: -12°C до -4°C
Максимална температура: -8°C до -2°C
Сончево со умерена облачност и многу студено. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер.

Прогноза за 18.01.2021
Минимална температура: -13°C до -6°C
Максимална температура: -8°C до 3°C
Сончево со мала до умерена облачност и многу студено. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Прогноза за 19.01.2021
Минимална температура: -12°C до -5°C
Максимална температура: -6°C до 5°C
Сончево со мала до умерена облачност и студено. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.

Можеби ќе ве интересира

Времето се влошува: Дожд и снег со локално над 50 l/m² – детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Мицкоски на средба со Орбан и говор на научната установа MCC: Македонија и Унгарија градат силно стратешко партнерство, економијата е во фокусот

ДЕСК

Трагедија го потресе Скопје: 38 годишен маж пронајден починат, а до него имало пиштол – претходно бил пријавен за исчезнат

ДЕСК