17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Забрчанец: Со поголема транспаретност ќе се бориме против лажните вести

„Сакаме да ги искористиме сите капацитети на институциите и да ги поттикнеме сите чинители во општеството, како граѓаните, медиумите и образовните институции, во борбата против дезинформации. При тоа без да имаме претензија да се наметнуваме и да кажуваме кој како и што треба да прави. Затоа планот е нацрт, светот уште трага по решение како да се справи со ова, уште нема начин. Нашите амбиции за борба против дезинформациите и натаму стојат, некој се обиде да манипулира дека ние ќе имаме наводно некаква комисија која ќе одлучува што е лажна вест, а што не е. Тоа е најевтино и најпропагандно пакување во однос на акцискиот план. Не, не сме ние за тоа, нема да одлучуваме која веста е лага која не, но сериозно ќе излеземе и ќе потенцираме ако некој лаже, како примерот со тоа дека немаме тестови за корона во јавното здравство.“- изјави националниот координатор за стратегиски комуникации, Марјан Забрчанец, во емисијата „Вин вин“, на телевизија Телма.

Реагираше на изнесените мислења во емисијата дали е неопходен акциски план за борба против лажните вести.

„Каде во тој план гледате арбитража? Во планот има воведување медиумска писменост во образованието, владата да оди напред со транспаретноста, да ги направиме општините транспарентни со тоа што мора јавно да објавуваат одредени документи, ова е во ред да биде во планот? Или е глупо? Зарем ова не е начин за борба против лажните вести?- праша Забрчанец.