21. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Забрчанец: Реагираме на секој обид за дезинформирање

„Здраво е, корисно и суштински дека Владата мора да внимава до каде оди во борбата против дезинформациите. И ве охрабрувам тоа да го правите и кон оваа, и кон секоја следна влада, до каде може да чепка во информарањето. Дали Акциоскиот план за борба против лажните вести е проект, или обид, не е важно, важно е дека имаме сериозна намера да се занимаваме со сферата на дезинформации. Денес, во 2021 година повторно велиме дека ова е приоритет, оти гледаме до каде дезинформациите можат да одат и да наштетат.“ изјави националниот координатор за стратегиски комуникации, Марјан Забрчанец, во емисијата „Вин вин“, на телевизија Телма.

Тој го посочи примерот со пласирање дезинформации од страна на лидерот на ВМРО ДПМНЕ, кога го исплаши населението дека здравствениот систем нема тестови за корона вирусот.

„Ако излезе јавно лидер на опозиција и им вели на граѓаните да внимаваат оти овие во здравството имаат уште само 100 теста или немаат ниеден тест, дали ова е свесно да се манипулира со граѓаните, да се внесе страв и паника? Што може Владата да направи? Владата мора да реагира на секој обид за дезинформирање на јавноста.“- изјави Забрчанец.

Можеби ќе ве интересира

Министерот Мисајловски и генералот Лафчиски на испраќањето на македонски контингент во воената вежба „Saber Junction 25“ во Германија

ДЕСК

Перински: Одржливи општини се она што и недостасува на Македонија и токму тука е нашиот фокус

ДЕСК

СДСМ: Состојбата е алармантна, над 11.000 фирми не исплатиле плати, владата има 900 милиони евра неисплатени обврски

ДЕСК