Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Двајца повредени во престрелка во скопското село Љубош

Попладнево, околу 13 часот, во СВР Скопје било пријавено дека пред деловен објект во селото Љубош, на регионалниот пат за селата Батинци – Драчево, бил нарушен јавниот ред и мир од страна на четири лица.

Според информациите од МВР, најпрвин дошло до физичка пресметка помеѓу Н. К. (68) и Х. К. (32), кои биле со автомобил „голф“, од една страна, и Н. Р. (48) и М. Р. (30), кои биле со автомобил „шкода“, од друга.

Учесниците во пресметката употребиле и огнено оружје. Притоа повреди добиле Н. К. и М. Р., кои биле пренесени во градската општа болница „Св. Наум Охридски“ за укажување лекарска помош.

Четирите лица се уапсени, а обезбедени се и нивните возила и оружјето. Неофицијално, станува збор за случај што му претходел на инцидентот што попладнево се случи пред поранешната градска болница.

По целосно расчистување и документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

НЕВРЕМЕ И ТЕМНИ ОБЛАЦИ НАД МАКЕДОНИЈА ВО НАЈАВА: Детална четиридневна прогноза

ДЕСК

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЛУЧАЈ ВО СКОПЈЕ: Дете паднало и било влечено по улица откако било фатено за рака од лице на мотор

ДЕСК

РАСПРАВИЈА ПРЕРАСНАЛА ВО ТЕПАЧКА: Полицијата расчистува случај на тепачка меѓу жена и девојка на Бит Пазар

ДЕСК