-2.1 C
Скопје
20. јануари 2021
Centar.mk – Дознај сѐ!
Centar Македонија

Симовски: На првиот што ќе се обиде да даде лажни податоци на пописот ќе му поднесеме пријава

„Не може само со поседување на матичен број да попишете друго лице, има сет на прашања, се поставуваат сите прашања и прашалникот мора да биде целосно полн. Дури и да знаете се, податоците потоа ќе се внесат во системот и со оглед дека ги имаме дата базите, сите податоци дадени во прашалникот се проверуваат. Ќе ги користиме податоците на Агенцијата за вработување, министерствата, Фондот за здравствено осигурување, МВР и други. Завршните членови од Законот за попис предвидуваат прекршочна или кривична одговорност ако некој манипулира со лажни податоци. На првото лице кое ќе се обиде да манипулира ќе му покренеме постапка пред надлежните органи.“- изјави Апостол Симовски, директор на Заводот за статистика на Сител.

Посочи дека нема посоодветен термин за попис од април оваа година.

„Сплетот на околностите не тера пописот да го спроведеме во планираниот период. Ние имаме во октомври локални избори, а попис и избори се неспоиви. На дневна основа ја следиме здравствената криза, ние спроведуваме во моментов анкети со 5 000 домаќинства, тоа е голем контингент, и немаме никаков проблем на терен. Сите попишувачи ги преземаат мерките за заштита, исто како и семејствата кои ги посетуваме. Пописот е во април, не е во зимски услови кога сме постојано затворени дома. За очекување е дека до април бранот со вирусот ќе се намали. Имавме пик со 1 000 новозаразени на ден, но сега не е така. Повторувам, попишувачите немаат задача да се штитат само себе, туку и граѓаните. Со оглед дека ќе биде пролет ќе попишуваме и во двор, на отворен простор, секаде каде што има услови за тоа. Во овој момент, како што се движат работите, може да се организира попис. Поволни термини за попис се април или октомври кога населението е најмалку мобилно. Во нашиот случај тоа е април“- изјави Симовски.