3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Симовски: И да сакаат партиите не може да влијаат врз пописот, има меѓународни стандарди како се спроведува

„Нас во Заводот за статистика не не интересира поделбата на власт и опозиција, и која партија каде е позиционирана, ние имаме закон и правила и ги почитуваме. Не може ниту една партија да не натера да ја слушаме и да играме според нејзини правила. Си има меѓународни критериуми за попис, си има правила, има модели како се обезбедуваат статистичките податоци и ние не можеме да отстапиме од тоа.“- уверува директорот на Заводот за статистика, Апостол Симовски, во интервјуто за телевизија Сител.

Според него не е благодарно отсега да се коментираат очекуваните резултати, но нагласува дека потешкотии во попишувањето создава фактот дека ние сме емиграционо подрачје.

„Никој не пријавува кога заминува и каде заминува и на која адреса живее таму каде што заминува. На крајот, никој со сигурност не може да каже дека навистина оди таму каде што ќе изјави дека оди, колку ќе остане и дали ќе се врати назад. Ние ќе ја попишеме главната категорија граѓани, оние што се државјани и се тука, како и оние со македонско државјанство, но се надвор помалку од една година, и странците кои се тука подолго од една година. Во втората категорија се оние кои се со македонско државјанство, но се надвор подолго од една година заедно со странците тука кои се помалку од една година на македонска територија.“- објасни Симовски.

Спонзорирано: