20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Шекеринска: Војниците над 45 години не треба да стравуваат, пред нив ќе има избор за вработување или користење опремнина

Зголемените плати, обезбедување на комплетна потребна опрема за војниците, подобрување на условите с еработа, се само дел од причините зошто е зголемен интересот за вклучување во АРМ, рече министерката за одбрана, Радмила Шекеринска во емисијата Клик Плус на ТВ21.

“16 % се зголемени платите, сега ако имате плата над просечната плата, нормално е интересот да биде голем да се биде дел од Армијата. Кога дојдов беше прекината исплатата на дневници, ние ги обебедивме, ги исплативме и ги зголемивме. Една добра вест, втора , трета добра вест, луѓето одат таму кадешто слушаат дека работите одат на подобро”, рече Шекеринска.

Шекеринска кажа дека веќе не треба да постои стравот што ќе прават во иднина војнците над 45 години. Минстерката откри дека во преговори со Синдикатот на Армијата, се работи за можност војниците да имаат избор да бидат дел од некоја институција и на локално ниво, или да користат опремнина, со што пред нив повторно е можноста за вработување , о во приватен сектор, или да стратураат свој сопствен бизнис.

“Тој страв не треба да постои. 3 години поминаа, ниту еден војник не остана без работа. Главниот фокус ни беше затворската полиција, сега еден дел одат во судска полиција, дел преку општините да станат пожарникари. Бидејќи сте ги вежбале, сте инвестирале и нелогично е држвата да се откаже од нив” , рече Шекеринска.

Спонзорирано: