19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Шекеринска: Стануваме држава на која НАТО и верува

„Се вративме на патот кон НАТО после декада изгубено време, изгубени реформи. Беше тешко да ги убедиме дека сме сериозни, дека сакаме да се реформираме, дека сакаме да сме партнери. Ние ги уживаме привилегиите како членка, но заокружена приказна ќе биде кога целосно ќе се интегрираме и воено со НАТО. Немам дилеми дека ќе успееме, овие три години имавме зацртани цели кон кои не одевме туку трчавме, и сега цела година ќе мораме да трчаме.“- изјави министеркта за одбрана, Радмила Шекеринска, во емисијата „Клик плус“ на телевизија 21.

Таа дополни дека прва на оценување ќе биде пешадиската единица во 2022 година, а тоа значи дека таа единица мора да биде подготвена и со способност и со опрема.

„Дојдовме до НАТО затоа што покажавме капацитет, но тој капацитет ќе мора да го докажуваме понатаму, ќе имаме задачи пред нас. Ние ги градиме капацитетите да бидат подобро за нас самите. Ако 20, 30 членки се трудат да бидат подобри, тогаш и ние ќе се трудиме. Ни даваат задачи кои реално можеме да ги оствариме, но навистина мора да се вложиме. Затоа ние се опремуваме и ги подготвуваме единиците точно според НАТО критериумите.“- изјави Шекеринска.

Спонзорирано: