Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Љупчо Николовски: По скоро 19 години без спроведен попис, никој не смее да ја кочи или одолговлекува оваа статистичка и многу важна институционална операција

Фејсбук статус на Љупчо Николовски:

По скоро 19 години без спроведен попис, никој не смее да ја кочи или одолговлекува оваа статистичка и многу важна институционална операција.

Пратениците избрани од народот имаат обврска да го овозможат тоа.
Сите надлежни институции да можат навремено и квалитетно да ги направат подготовките за пописот и успешно да го спроведат согласно меѓународните стандарди.

Законот за попис на населението е во собраниска процедура и со неговото усвојување се создаваат сите услови за одржување на попис оваа година. Попис, којшто ќе биде спроведен по највисоките меѓународни стандарди, дигитализиран и согласно сите прописи на Евростат.

После цели 19 години пописот е неопходен. За да може подобро и рамномерно да се развива нашата татковина. За создавање нови долгорочни развојни македонски политики.

Тоа е во интерес на народот, на сите наши граѓани. Во интерес на нашата заедничка држава.

Затоа, пописот е патриотски чин!

#попис2021

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски ги повика Македонците да летуваат дома, за надминување на метежот со Грција има разговори во ЕУ

C +

Уапсени 11 возачи за безобѕирно возење, седуммина немале дозвола

C +

Филипче: Гоце Делчев би се срамел од денешното ВМРО

C +