Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМАТОП ВЕСТИ

УХМР издаде метео предупредување – Снег ќе ја прекрие цела Македонија, температурите под нула

Поради продор на студена воздушна маса од север следува период на се постудено време. Утре од попладнените часови повторно ќе има врнежи и тие ќе бидат скоро насекаде од снег.

Врнежите ќе бидат позастапени во западните и особено југозападните делови каде ќе се пообилни и ќе се создаде снежна покривка и на пониските места.

Во петок и за време на викендот ќе биде суво и се постудено и температурата во поголем дел од земјава преку ден ќе се задржи под нулата, или ќе биде околу нула.

Во следниве денови ќе дува умерен до повремено засилен ветер од северен особено изразен во сабота и во недела.

Можеби ќе ве интересира

СОНЦЕ ЗА ВИКЕНДОТ, НО УТРА ДО −3 °C – На почетокот на следната седмица услови за слаб дожд

ДЕСК

ТРИ НЕСРЕЌИ СО ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ ВО СКОПЈЕ – Меѓу настраданите и шестгодишно дете

ДЕСК

ГРАЃАНИТЕ МОЖАТ ДА ПРЕДЛОЖАТ РЕВИЗИИ – ДЗР прима иницијативи до 1 декември

ДЕСК