10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Николовски: Граѓаните да не се плашат да пријават корупција, државата сега е на нивна страна

„Новата 2021 година ќе биде антикорупциска година. Ќе водиме активна и постојана кампања за подигнување на свеста кај граѓаните, за негативните ефекти на корупцијата и за сите механизми кои им стојат на располагање за да се спротистават. Граѓаните и државата, владата, конечно се на иста страна во борбата против корупцијата. Граѓаните треба да ја препознаваат корупцијата и не треба да се плашат да ја пријават, затоа што никој не е над законот! За таа цел, планираме воведување на повикувачки центар преку кој правните и физичките лица ќе можат да пријават ненавремно постапување на надлежните институции по однос на нивните поднесени барања.“- ги повика граѓаните на соработка, вицепремиерот за борба против корупција, Љупчо Николовски, промовирајќи ја „Акција 21- европски стандарди дома“.

Тој нагласи дека преку носењето на европските стандарди Владата има намера да покаже дека има чесни политичари на власт

„Тоа се принципите и нашата заложба кои ќе не водат оваа година. Преку секоја наша преземена мерка, во оваа заедничка битка против корупцијата и криминалот, ќе покажеме дека можеме да бидеме држава на чесни политичари, држава која чекори напред. Секој што ќе го прекрши законот, ќе мора да се соочи со одговорност. Мора да има ред во институциите еднаш засекогаш.“-потенцираше Николовски.

Спонзорирано: