20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Николовски: Дигитализација на обвинителствата и поврзување на сите инспекторати против корупцијата

„Од 23 основни јавни обвинителства во државата, само четири имаат истражни центри, кои, иако се оперативни ги немаат потребните капацитети, не се екипирани, ниту се дигитализирани. Затоа, во соработка со Министерството за правда, ќе се фокусираме на екипрање и дигитализација на истражните центри во Јавното обвинителство, што ќе придонесе во борбата против корупцијата и криминалот преку брзо решавање на предметите.“- најави вицепремиерот за борба против корупција, Љупчо Николовски, зборувајќи за европските приоритети содржани во владиниот план „Акција 21“.

Откри дека електронски ќе се поврзат сите испекциски служби за да се намали субјективното влијание на инспекторите.

„Како една од алките во борбата против корупцијата е воспотавувањето на ефикасен контролен механизам. Оваа година започнуваме со воведување на електронски систем за инспекција „Е-инспектор“, којшто ќе овозможи електронско поврзување и работење на сите 28 инспекциски служби под јурисдикција на Инспекцискиот совет. Со овој систем ќе се намали субјективното влијание на инспекторот за време на инспекцијата.“- потенцираше Николовски и додаде дека ќе се креира единствен регистар на недвижности за сето она што е во сопственост на државата.

„Преку креирање на единствен регистар на недвижности за сѐ што е во државна сопственост, како и регистар на подароци, ќе придонесеме до домаќинско работење и полесно водење сметка за трошењето на нашата држава.Така ќе се зголеми и нивото на одговорност на носителите на јавни функции преку почитување на начелата на отчетност, транспарентност и функционирање без злоупотреба на државните ресурсите со главен акцент на грижата за имотот со кој располага државата.“- истакна Николовски.