ВМРО ДПМНЕ и Христијан Мицкоски денеска направија неуспешен обид за манипулација со граѓаните за рејтингот на политичките партии. Мислејќи дека ќе излажат оти имаат предност пред конкурентите Зоран Заев и СДСМ, самите паднаа во стапицата. Нивниот Институт СИА ВИСТА, чија компетентност е сомнителна, денеска на пладне ги извести медиумите дека направиле анкета за сопствени потреби и дека опозицијата води. Но, така може и би било ако институтот не испрати дел од анкетата во која првото прашање беше за која партија би гласале на изборите што ќе се одржат на 15 јули. На тој датум беа одржани ланските предвремени избори.
После 45 минути, СИА ВИСТА сфати дека нешто не е во ред со анкетата, па испрати нова, со сменето прашање, за кого би гласале граѓаните ако изборите се утре. Ваквата несериозност за толку сериозно прашање го потврди сомнежот во веродостојноста на резултатите, односно дека анкетата е нарачана и измислена. А кон ова оди и фактот дека ниту еден медиум под контрола на ВМРО ДПМНЕ не ја објави првичната верзија на анкетата, онаа со изборите на 15 јули, туку сите биле известени дека ќе следува нова анкета, која потоа „рафално“ на објавија.
Резултатите во анкетата се сомнителни дури и за непознавачите, затоа што предноста на опозицијата е „напумпана“, па лесно се препознава дека е нарачана за партиски цели и за манипулација со јавноста, пред се со членовите на ВМРО ДПМНЕ. Сите независни анкети во последните неколку месеци, па вклучително и тие пред ланските избори покажуваа доверба кон Мицкоски од 20 до 28 отсто, ама денеска тој има 50 отсто доверба. Заев пак, секогаш има доверба од 35 до 40 проценти, ама денеска наеднаш му паднала на 25 проценти. Истото е забележително и кај рејтингот на партиите, па ВМРО ДПМНЕ која во изминатите година до две не мрднала од 18 отсто, сега има 22,3 отсто поддршка.
Чудна некоја анкета оваа на СИА ВИСТА, ем дистрибуирана со погрешни прашања, ем со резултати кои ни од далеку не одговараат на реалноста. Кога веќе институтот испрати втора, корегирана верзија во делот на прашањата, можеше малку и да смени кај бројките, барем да ги доближи до оние кои се реални и кои произлегуваат од волјата на народот, вака испадна дека и кога мести ВМРО ДПМНЕ не знае да намести.