16. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Нови 8 починати и 345 новозаразени од ковид 19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2455 тестирања, а регистрирани се 345 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-129, Куманово-21, Дебар-9, Штип-12, Прилеп-26, Тетово-10, Струга-8, Велес-13, Битола-6, Охрид-23, Кавадарци-31, Гостивар-1, Гевгелија-7, Струмица-9, Крива Паланка-6, Радовиш-5, Крушево-4, Пробиштип-1, Виница-3, Делчево-2, Кратово-1, Кичево-1, Ресен-3 и Неготино-14.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 289 оздравени пациенти од: Скопје-124, Куманово-19, Штип-12, Прилеп-16, Тетово-27, Велес-9, Битола-18, Гостивар-10, Гевгелија-4, Струмица-5, Крива Паланка-6, Радовиш-3, Крушево-1, Кочани-11, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Пехчево-2, Берово-7, Валандово-2, Виница-1, Свети Николе-1, Кичево-6, Ресен-3.

Починати се 8 лица, еден пациент од Струга (69г), двајца од Велес (82 и 57г), еден од Битола (82г), еден од Гостивар (70г), еден од Гевгелија (78г), еден од Струмица (81г) и еден пациент од Валандово (48г). Пациентите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 86494, бројката на оздравени пациенти е 67453, на починати е 2622, а бројот на активни случаи изнесува 16419.

Можеби ќе ве интересира

Полицијата ја спаси жената што се фрли во водите на реката Вардар (ВИДЕО)

ДЕСК

Полицијата трага по исчезнато 19 годишно девојче

ДЕСК

Во скопски хотел пронајден починат 44 годишник – полицијата истражува

ДЕСК