Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Некаде дожд, некаде снег- синоптичарите со детална прогноза за наредните неколку дена

Претежно облачно време ќе преовладува денеска, а веќе од попладне и во текот на ноќта кон недела се очекуваат врнежи од дожд кои поради продорот на постудена воздушна маса ќе преминуваат во снег на некои повисоки места во северните делови. Можна е и локална појава на замрзнат дожд.

Ќе дува слаб до умерен ветер, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 2 до 7, а максималната од 4 до 11 степени.

Во Скопје претежно облачно, со врнежи од дожд од попладнето. На околните планини ќе врне снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 6 степени.

Синоптичарите најавуваат во недела и во понеделник облачно и врнежливо време. Врнежите на места ќе бидат пообилни и со пороен карактер. Повремено ќе дува засилен јужен ветер. Од вторник поради продор на постудена воздушна маса врнежите на планините ќе бидат од снег, а повремено услови за снег ќе има и на некои повисоки места. Ветерот ќе го промени правецот во северен.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Со Мицкоски, има драматичен пад на странските инвестиции за 729 милиони евра!

C +

Денес во 18 часот состанок на Советот за безбедност поради случувањата на Блискиот Исток

C +

МНР и НТ формира кризен штаб, се повеќе македонски граѓани бараат помош по нападите на Блискиот Исток

C +