Centar.mk
МЕТЕОТЕМАМАКЕДОНИЈА

Температурите под нулата – УХМР соопшти каде е најстудено, а каде најтопло утрово

Времето во текот на ноќта и изутринава беше облачно со локални врнежи од дожд, особено во западните делови. Дуваше умерен ветер од јужен, а на планините од југозападен и западен правец. Утрово е претежно облачно, а локален дожд има во западните делови од земјава.

Минималните температури беа над нулата во целата земја. Најниска беше температурата во Лазарополе каде се измерени нула степени. Во Крушево и Маврово се измерени еден степен, во Скопје-Петровец три, во Охрид, Претор и Дебар пет степени, во 6 Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Прилеп, Берово и Крива Паланка шест степени, во Куманово седум, во Струмица, Битола, Гевгелија и Виница осум, во Штип девет, во Дојран 10 и во Демир Капија 11 степени.

До 7 часот изутринава најмногу дожд наврна во 20 Дебар 20 литри на метар квадратен, во Охрид 13, во Крушево 11, во Пожаране 10, во Претор 8, во Тетово и Прилеп 8, во Крива Паланка, Берово, Битола и Крушево еден литар на метар квадратен и помалку од тоа во Скопје, Штип и Виница.

УХМР јави дека времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, кои пообилни ќе бидат во западните делови, особено кон крајот на денот, а локално таму ќе наврнат и над 25 л/м2. На планините ќе врне снег. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 14 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно облачно, доцна попладне и кон крајот на денот со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне 10 степени.

Можеби ќе ве интересира

Два нови пилоти завршија обука во Шпанија за гаснење пожари, се приклучуваат на ДЗС

C +

Мицкоски: Имаме стабилни резерви, дополнително го намаливме ДДВ за горивата од 18 на 10%

ДЕСК

„Се намалува ДДВ-то на горивата од 18% на 10%, се заштедуваат отприлика околу 200 илјади евра на ден“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

C +