Дали на државата и се неопходни предвремени парламентарни избори како што уверува опозицијата или таквата идеја на Христијан Мицкоски е само обид, во немањето идеји, да манипулира со јавноста дека власта исплашена наводно не сака избори, анализира НОВА. А зошто би сакала, кога избори имаше пред нецели шест месеци и СДСМ ја потврди довербата од граѓаните. Уште повеќе ако се знае дека на изборите во 2016 година СДСМ бројчано загуби од ВМРО ДПМНЕ и покрај тоа што после формираше влада, за разлика од последните избори кога СДСМ победи со предност од два мандата, пишува Новатв.мк.
Дали Северна Македонија е подговена да изгуби нови шест месеци во организација и спроведување на избори? Според некои непишани правила предвремени избори се одржуваат кога државата е во политичка криза (како во 2015 година по објавата на незаконски прислушуваните материјали) или кога се случува некаков голем политички пресврт, па мора да се почне „отпочеток“ (како членството во НАТО или блокадата од Франција за почеток на преговори со ЕУ). Или во ситуација кога власта нема парламентарно мнозинство, односно кога нејзините политички противници можат лесно да изгласаат недоверба во парламентот.
Кога партиите излегуваат на избори нудат програма за мандат од четири години, период во кој власта има време да се обиде да ги исполни изборните ветувања, а потоа тоа да го користи како аргумент за освојување нов мандат, за следните четири години. Ако во четирите години мандат не се случи ништо драматично, тогаш е логично и исправно партиите кои формирале влада да го истераат целиот мандат, за граѓаните да имаат појасна слика дали партијата на власт заслужува нов мандат или потфрлила, но тоа да биде измерено според владеењето во целиот мандат.
Тоа што претходно Никола Груевски на секои две до три години одеше на предвремени избори после прислушуваните аудија стана јасно зошто го правел, да го држи членството во гласачка кондиција и само да докупува нови години мандат. Тоа негово правило мора да прекине, односно мора одново да се вратиме на четиригодшниот циклус на избори, пред се заради граѓаните и нивните потреби, да можат да оценат дали конкретната власт може да се носи со предизвиците за да и доверат нов мандат.
Целата анализа на Нова тв.мк