23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Фото Centar.mk / илустрација
МАКЕДОНИЈА

Полициски дневен извештај за 6. јануари 2020

На 05.01.2021 во 20.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје, на подрачјето на Аеродром ги лишиле од слобода П.К.(20), С.Н.(20) и А.С.(19), сите од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 06.01.2021 во 01.30 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Б.С.(23) од Прилеп затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 05.01.2020 во 22.40 часот во Струга, полициски службеници од Полициската станица Струга го лишиле од слобода Е.А.(36) од с.Шум, струшко, за тоа што при преглед кај него била пронајдена бела прашкаста материја. Тој бил приведен во полициска станица, а подоцна, на 06.01.2021 во периодот од 00.30 до 01.30 часот, врз основа на судска наредба, бил извршен претрес во домот каде престојува, при што била пронајдена бела прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 05.01.2021 околу 09.20 часот во с.Башино Село, велешко, се случила сообраќајна незгода помеѓу мопед „томос“ со велешки регистарски ознаки, управуван од Р.В.(77) од Велес и патничко возило „цитроен ц1“, управувано од П.Д.(39) од Велес. Во незгодата, Р.В. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Велес. Увид на местото нанастанот извршила екипа од СВР Велес.

На 05.01.2021 во 20.55 часот било пријавено дека на локалниот пат с.Пресил-с.Бучин, крушевско, патничко возило „фиат пунто“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.Р.(28) од Битола, излетало од патот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Битола. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Крушево.

На 05.01.2021 во 15.00 часот во Полициската станица Центар, А.П.(71) од с.Јурумлери, скопско, пријавил дека на бул.„Илинден“ бил каснат од куче скитник.

На 05.01.2021 во 17.15 часот во Полициската станица Аеродром, В.Н.(36) од Скопје пријавил дека на бул.„Видое Смилески Бато“ неговиот малолетен син била каснат од куче скитник.

На 05.01.2021 во 20.30 часот, од страна на полициски службеници од Полициското одделение Галате, во село Неготино, општина Врапчиште, бил лишен од слобода М.Б.(30) од с.Неготино, сопственик на угостителски објект во селото, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”.Имено, при извршена контрола во објектот, полициски службеници констатирале дека објектот работи, а во него имало околу 25 гости, спротивно на одлуката на Владата за работа на угостителските објекти. По документирање на случајот против него ќе виде поднесен поднесок по.чл.206 од Кривичниот законик. Од страна на Државен пазарен инспекторат Гостивар објектот бил затворен и запечатен со пломба, по што од страна на Б.Б.(37), од с.Неготино, брат на М.Б., пломбата била отстранета, по што и тој е лишен од слобода.