Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Димовски: Среде Солун се свири песна за македонски војвода, ова е културна победа

Поранешниот пратеник Илија Димовски, за видеото кое го сподели на Фејсбук на кое се гледа дека среде Солун се свири песна за македонски револуциониер кажа дека претставува културна победа.

„Празнична честитка од Солун, на најпрометна улица, во најубавите денови од годината, на најубав начин се свири песната за најголемиот Апостол Петков Терзиев – Војводата Ениџевардарско Сонце…

“Македонскиот Робин Худ” (според Алберт Сониксен), кој беше “некрунисаниот крал на вардарските мочуришта” (Фредерик Ковач), а за кого Грците велеа дека е “невидливиот демон” (Пенелопе Делта)…

Ова е културна победа среде Солун…

Песната ќе не обедини…

Честит Бадник!“, напиша Димовски.

Можеби ќе ве интересира

Николоски: Околу 1200 нови добро платени работни места се отвараат со забрзување на изградбата на автопатот Прилеп-Битола

ДЕСК

Средношколци се натпреваруваат со идеи за идни бизниси, за реализација победникот ќе добие финансиска поддршка

ДЕСК

Коњановски: Студентската картичка преку М-услуги ќе им овозможи на студентите 20% попуст на услугите во текот на целата година

ДЕСК