Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Да чекориме кон подобро утре, оставајќи ја мрачната сегашност

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски испрати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, архиепископ охридски и македонски г.г. Стефан, по повод Божиќ.

„Дозволете во мое лично име и во име на членовите на ВМРО-ДПМНЕ на сите православни верници да им го честитам големиот христијански празник, Рожденство Христово- Божиќ.
Посакувам овој светол празник секој граѓанин на нашата татковина да го дочека во здравје, мир и благосостојба. Нека светоста на денот ги огрее домовите на верниците во овие мрачни времиња кога сме исправени пред предизвиците поврзани со здравствената и економската криза во која се наоѓаме. Мирот во душите и безграничната љубов кон своите ближни, соседи, пријатели и сонародници нека биде ѕвездата водилка која ќе ни помогне да излеземе посилни и посплотени, затоа што само така ќе можеме да чекориме по патот на заедничкиот успех“, се вели во честитката.

Според Мицкоски, надежта кон подобро утре е симболот на Божиќ и никако не смееме да заборавиме на трајните христијански вредности кои го водат човека, но и целата цивилизација кон подобар живот.

„Почитта, волјата и хуманоста нека бидат наш сопатник низ овие трнливи патеки кои ги чекориме. Така ќе ја изградиме иднината која ја сакаме за нас и за нашите поколенија, иднина во која зад себе ќе ја оставиме сиромаштијата, несигурноста и поразите со кои денес живееме.Со вербата во Бога и вербата во мудроста и истрајноста на народот да чекориме кон подобро утре, оставајќи ја мрачната сегашност“, се додава во честитката.

Можеби ќе ве интересира

Два нови пилоти завршија обука во Шпанија за гаснење пожари, се приклучуваат на ДЗС

C +

Мицкоски: Имаме стабилни резерви, дополнително го намаливме ДДВ за горивата од 18 на 10%

ДЕСК

„Се намалува ДДВ-то на горивата од 18% на 10%, се заштедуваат отприлика околу 200 илјади евра на ден“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

C +