Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Роденденска прослава за Али Ахмети во новата зграда на Министерството за политички систем

Петнаесетмина високи државни функционери од ДУИ денеска го прославија роденденот на лидерот Али Ахмети во „новиот дом“, како што ја нарече првиот вицепремиер Артан Груби, барокната зграда во која се смести Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците.

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи на социјалните мрежи објави фотографија од една од новите простории на министерството каде без заштитни маски се собрани челниците на ДУИ, а подоцна на социјалните мрежи се појавија и слики на кои претседателот Али Ахмети сече торта во истата сала.

Али Ахмети е роден на 4 јануари 1959 во селото Зајас.

Покрај партискиот лидер, на фотографијата меѓу другите се и претседателот на Собранието, Талат Џафери, првиот вицепремиер Артан Груби, министерот за економија Крешник Бектеши, поранешниот министер за образование Арбр Адеми, министерот за надворешни работи Бујар Османи, министерот за финансии Фатмир Бесими, министерот за животна среднина Насер Нуредини…

Министерот Османи во прилог на објавената фотографија кратко напиша „4 јануари“.

Можеби ќе ве интересира

Честит именден на сите кои се викаат Никола – денеска се слави голем празник, во православниот календар е напишан со црвени букви

ДЕСК

ОБЈАВЕНА Е ПОВЕЌЕ ДНЕВНАТА ПРОГНОЗА – Познато е кога ќе трупа снег низ Македонија

ДЕСК

Претседателот на Собранието прими делегација предводена од претседателот на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА)

ДЕСК