Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Казнети 184 возачи во Скопје

За еден ден полицијата казнила 184 возачи во Скопје.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (29.12.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот само на територијата на Град Скопје изречени се вкупно 184 казни, меѓу кои 15 за возење без возачка дозвола, 11 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 11 за непрописно престројување, 11 за непрописно престигнување, 16 за користење мобилен телефон и пет казни за минување на црвено светло.

Казнети се 55 лица за непрописно паркирање, а 44 возила се подигнати со „пајак“.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, велат од МВР.

Можеби ќе ве интересира

АХВ откри голема измама: Купувале сирење со 20% маст, добиле производ со 1%

ДЕСК

ШЕСТ ЛИЦА ОД БИТОЛА ОСОМНИЧЕНИ ЗА ОРГАНИЗИРАНО ДЕЈСТВУВАЊЕ: Жртвите биле снимани и понижувани – биле терани да даваат изјави дека се “педофили”

ДЕСК

ОД ВТОРНИК СИЛЕН ВЕТЕР, ОД ЧЕТВРТОК НЕВРЕМЕ: Пороен дожд, грмежи и можен град

ДЕСК