Centar.mk
ТЕМАБИЗНИС

Бислимоски: Корисниците на природен гас од 1 јануари ќе добиваат пониски сметки за 6,16%

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на денешната седница донесе одлука со која се намалува тарифата за пренос на природен гас во просек за 6,16 %. Одлуката стапува на сила од 1 јануари 2021 година.

„На крајот од годината една добра вест а тоа е дека на денешната последна седница за 2020 година донесовме одлука за намалување на тарифата за пренос на природен гас во просек за 6,16%. Бенефитот од оваа одлука ќе го почувствуваат сите корисници на природен гас чии сметки од 1 јануари ќе бидат пониски. Клучни причини поради кои се намалува тарифата за пренос на природен гас се зголемените количини на природен гас кои ќе се пренесуваат следната година, како и влијанието на намалената увозна цена на природниот гас„ изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги.

РКЕ еднаш во годината носи одлука за тарифата за пренос на природен гас.

Можеби ќе ве интересира

ТИТАН Усје работи како одговорна компанија во земјата повеќе од седум децении

ДЕСК

GLOBAL DIGITAL CITY 2026 ЗАВРШИ СО ДВОДНЕВЕН НАСТАН ПОСВЕТЕН НА BPO, ИКТ, ВРАБОТУВАЊЕ НА МЛАДИ И РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ

ДЕСК

ОКТА АД – Скопје со силни резултати во 2025 година во пазарна средина исполнета со предизвици

ДЕСК